БиМилк додели 68 висококвалитетни јуници

Bez autora
Jun 09 2013

Битолската млекарница - Бимилк додели 68 грла висококвалитетни јуници од расата холштајн фрисијан елит со германско педигре за своите кооперанти, со што бројот на увезени грла достигна 800 висококвалитетни јуници, сметајќи од денот кога почна да се реализира оваа стратешка одлука на компанијата, односно од 2011 година. Како што информираат од Бимилк, се доделуваат елитни јуници, бидејќи имаат продукција од три генерации наназад и потенцијал од 11 тони млеко годишно. Доделувањето на 68 јуници на 17 кооперанти се изврши по пат на случаен избор - извлекување, а цената на едно грло изнесува 2.090 евра. Набавката на јуниците ја извршивме на барање на кооперантите на кои им овозможуваме и друга помош и совети. Реализацијата на нашата стратешка одлука е во функција на намалување на недостигот од млеко, посебно т.н. екстра класа млеко.

БиМилк додели 68 висококвалитетни јунициБитолската млекарница - Бимилк додели 68 грла висококвалитетни јуници од расата холштајн фрисијан елит со германско педигре за своите кооперанти, со што бројот на увезени грла достигна 800 висококвалитетни јуници, сметајќи од денот кога почна да се реализира оваа стратешка одлука на компанијата, односно од 2011 година.

Како што информираат од Бимилк, се доделуваат елитни јуници, бидејќи имаат продукција од три генерации наназад и потенцијал од 11 тони млеко годишно.

Доделувањето на 68 јуници на 17 кооперанти се изврши по пат на случаен избор - извлекување, а цената на едно грло изнесува 2.090 евра.

- Набавката на јуниците ја извршивме на барање на кооперантите на кои им овозможуваме и друга помош и совети. Реализацијата на нашата стратешка одлука е во функција на намалување на недостигот од млеко, посебно т.н. екстра класа млеко. Нашиот бренд бара безбедност на производот и врвен квалитет и во таа смисла ќе продолжиме во континуитет да увезуваме висококвалитетни јуници - истакна генералниот директор на Битолската млекарница, Златко Најдовски.

Заменик-министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, кој присуствуваше на доделувањето на јунците, посочи дека одлуката на Битолската млекарница придонесува за јакнење на довербата меѓу производителите и преработувачите на млеко.

- На овој начин директно се спроведува Стратегијата за подобрување и следење на квалитетот на млекото 2013-2020 година, што ја изработивме во соработка со фармерите и млекарниците. За реализација на стратегијата предвидени се средства во висина од 128 милиони евра за период од осум години и притоа предвидени се низа мерки, меѓу кои и набавката на високостелни јуници, за што Министерството им надоместува на фармерите 50% од трошоците - истакна Коњановски.

Тој посочи дека во последниве години е забележан зголемен увоз на високостелни јуници за потребите на фармерите. Минатата година бил регистриран интерес за увоз на 600 јуници и затоа Министерството врши кофинансирање на трошоците за набавка на високостелни јуници.

- Годинава од програмата издвоивме 35 милиони денари за кофинансирање на трошоците за високостелни јуници. Оваа мерка значи јакнење на генетскиот потенцијал, зголемување на количините произведено млеко, подобар квалитет на млекото и развој на млекарниците во Република Македонија. Веруваме дека со овие мерки ќе се намали проблемот со недостиг на свежо млеко кој се јавува во изминатите години - истакна Коњановски.

Со доделувањето на висококвалитетни јуници за кооперантите, најголемата македонска млекарница воедно го одбележува и меѓународниот ден на млекото.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik